Компанијата Фејсбук моментално тестира нова опција која на корисниците ќе им помогне од почетната страна да ги отстранат информациите кои не сакаат да ги примаат.
Според блог постот на менаџерката на Фејсбук за news feed Шурти Мураледаран, станува збор за опцијата “Keyword Snooze” (крие со помош на клучни зборови).
Функционира така што впишувате точен збор или фраза која не сакате да ја гледате на почетната страна и содржина поврзана со него нема да се појавува, без оглед дали е поврзана со лица, страни или групи. На овој начин несаканите информации ќе можете да ги скриете на 30 дена.
-Се надеваме дека со помош на овие опции ќе успеете да ја прилагодите почетната страна со вашите навики и дека ќе можете времето да го поминувате фокусирајќи се на содржините кои сее важни за вас“, вели Мураледаран.
Оваа опција ќе биде лоцирана во горниот десен агол на њуз фидот. Ова е најновата опција на Фејсбук, а слични опции, кои веќе постојат, овозможуваат корисникот да сокрие конкретни луѓе, да ги видат први на страна или да прекинат да ги следат.
Од Фејсбук нагласуваат дека “Keyword Snooze” нема да овозможи блокирање на реклами.
makedonijadenes.com.mk