Пред седум години баба Јелена Јеркова од Русија решила во целост да го промени животот и да го збогати со патувања. Благодарение на авантуристичкиот дух, посетила далечни земји како Кина и Виетнам, а најавува дека следна е Доминиканска Република.
90-годишната Јелена Јеркова станала вистинска интернет-сензација благодарение на ведриот дух, како и љубовта кон патувањата.
Таа во последните седум години ги посетила Виетнам, Кина, Израел, Чешка, Германија и Турција, а највозбудливите моменти од патувањата редовно ги објавува на својот Инстаграм профил.
Како што вели, во 83-тата година добила желба за запознавање на нови култури и тогаш прв пат одлучила да посети странска земја.
Потоа одлучила да штеди од пензијата, која изнесува 10.000 руски рубљи (околу 135 евра), а за да собере дополнителни пари, почнала да одгледува цвеќиња и да преправа гардероба.
Јелена испробала нови работи и запознала луѓе кои се фасцинирани од нејзината енергија.
– Патувањата за мене се нов живот, нови луѓе и состаноци. Посебно задоволство е да се види како луѓето се однесуваат едни кон други. Најважното нешто што го научив во животот е дека постојат многу фантастични луѓе во различни земји! Нема од што да се плашите, напишала на својот Инстаграм профил.
Видеото погледнете го на ЛИНКОТ