Австрија ја објави деталната листа со дефицитарни професии во таа држава за наредната 2022 година во која се наведени 66 професии, за поединечни покраини дефинирана е посебна листа на професии.
Станува збор за Регулација за стручна работна сила, односно дефицитари професии за 2022 година, врз основа на Законот за вработување на странци, за работн места на подрачјето на цела Австрија, наведуваат од австриската амбасада Сараево.
Според објавената листа, некои од професиите за кои постои побарувачка се:
- Дипломирани медицински сестри/техничари;
- Готвачи;
- Молери и автомеханичари;
- Стаклари;
- Ѕидари;
- Бравари,
- Кровопокривачи;
- Електротехничари-инженери;
На листата дефицитарни професии се и инженери за информациони технологии, столари, лимари, лекари, заварувачи, градежни работници, инсталатери и монтери на цевки, дипломирани машински инженери, оптичари, даночни советници, месари и други.