Во Русија од денеска стапува на сила нов закон за странски работници. Новиот закон предвидува дека практично сите странци кои живеат таму, дури и малите деца, ќе треба да прават редовни тестови за да избегнат конфликт со имиграциските власти.
Според правилата, кои стапуваат во сила од денеска, странските државјани треба да достават тримесечен здравствен сертификат со кој ќе докаже дека не боледуваат од заразни болести или не земаат лекови.
Имено, Думата одлучи дека сите странци кои работат и имаат престој, вклучително и малолетни деца, во Русија (со исклучок на белоруските државјани кои не се опфатени со законот) ќе мора да подлежат на опсежни здравствени прегледи на сопствен трошок секои три месеци и да ги достават до органите за имиграција. Во спротивно, имиграциските власти имаат право да им ја одземат дозволата за престој или да им ја одземат визата.
Имено, според тамошните податоци, Русија има највисока стапка на туберкулоза и ХИВ меѓу европските земји. Руските медиуми забележуваат дека тоа веќе предизвикало големо незадоволство кај работодавците и претприемачите, кои велат дека странските вработени ќе отсуствуваат од работа најмалку еден ден на секои три месеци поради овие „тестови“ и дека оваа мерка не само што ќе ги обесхрабри оние кои веќе работат, но и ќе ги одврати странските работници да дојдат во Русија.
Според тамошните податоци, на Русија и недостигаат повеќе од 1.200.000 работници, пред се во градежништвото, а недостигаат и висококвалификувани стручњаци како инженери и оние од ИТ сферата. Дел од руските медиуми истакнуваат дека некои работи во Москва, како чистачи на улици, ги вршат исклучиво странски работници од централна Азија, па се прашуваат кој ќе ги чисти московските улици ако ги нема.