Од 1 јануари, сабота, дел од буџетарите добиваат право на додаток на плата до 30 проценти.
Ова одлука која пред четири месеци беше објавена, предизвика многу негативни реакции во јавноста. Сега, откако е објавена во Службен весник може да се применува, па дел од јавните административци може да очекуваат поголема јануарска плата.
Право на овој своевиден бонус имаат вработените во Министерство за одбрана, МВР, правда, политички систем и односи меѓу заедниците, МНР, финансии, економија, земјоделство, здравство, МОН, труд и социјала, локална самоуправа, култура, МИОА, транспорт и врски, екологија, како и вработените во Владата, секретаријатите за европски прашања и за законодавство, Државниот завод за ревизија и Службата за општи и заеднички работи.
Буџетските корисници во кои се утврдува правото на додаток на плата се сите буџетски корисници на централната власт, кои во својот буџет, во делот наменет за плати, имаат обезбедено средства за оваа намена, односно месечното барање за исплата на плата не е поголемо од месечното право на трошење, утврдено без планираните средства за нови вработувања, се појаснува во Уредбата која инстуитуција може да ги наградува вработените.
Предвидено е ова наградување од по 15 проценти, или вкупно 30 проценти да биде резултат на специфични работни задачи, постојана достапност, итно постапување, работа со класифицирани информации или подготовка на стратешки документи и анализи поврзани со владините политики, како и на зголемен обем на работа.
Извор: vecer.press