Скопје наскоро ќе добие 30-ина нови автобуси на еколошко гориво што ќе ги заменат старите дотраени дизел возила на ЈСП без клима и дополнителна опрема, информираат од Град Скопје.
Деталите за набавката на новите автобуси ги соопштија градоначалникот Шилегов и директорот на ЈСП, Кристијан Чушков. Автобусите ќе бидат нископодни, и планирано е две третини од нив да бидат зглобни, а една третина единечни. Целта на оваа набавка е Скопје да добие модерен јавен транспорт, кој е економски ефикасен и не го загадува воздухот.
Како што велат од Град Скопје, споредено со потрошувачката на старите дизел- автобуси, овие автобуси трошат речиси двојно помалку гориво, што дополнително ќе ги намали трошоците на ЈСП. Најголемата предност е тоа што емитуваат значително помалку CО2 што речиси воопшто не го загадуваат воздухот.
Во трансформацијата на јавниот превоз ќе бидат вклучени и приватните превозници, предвидени се субвенции за набавка на нови еколошки автобуси, како и за адаптација на истите на еколошки гас.