За влез во Косово и Метохија од денеска е потребна потврда за вакцинација со две дози вакцина против коронавирусот
Луѓето кои не се вакцинирани со двете дози од вакцината нема да смеат да влезат, пишува Коха. Одлуката беше донесена од владата на привремените институции во Приштина на почетокот на декември 2021 година, кога беа донесени нови мерки за сузбивање на коронавирусот.
Оние кои не се вакцинирани со две дози ќе можат да се вакцинираат на аеродромот во Приштина, како и на премините во Врбница, Мердаре, Бела Земља и Генерал Јанковиќ.