Укинувањето на евтината дневна тарифа беше неизбежно, затоа што на долг рок беше неодржливо. Во време на енергетска криза, државата дневно, тие 2 часа евтина тарифа ја чинеа 100 илјади евра, велат Регулаторната Комисија.
Купуваме за 15 денари, плус маржа 2 денари, значи 17 денари, а ја продаваме на крајните потрошувачи за 3,5 денари, тоа е разлика од 13,5 денари или 100 илјади евра дневно, изјави престедателот на Регулаторната Комисја за енергетика.
Веќе се прават измени, кои ќе стартуваат од 1 јули – побогатите да плаќаат повисоки сметки за струја. Моделот на скалество плаќање се подготвува.
Иако поскапо, неизвесно е и снабдувањето со парно во главниот град, само во случај да не работи ТЕТО, ќе има гас, ако работи, ќе си го користи за сопствени потреби. Регулаторна повика на солидарност, односно половина од сумата за набавка да ја покрие градот Скопје, а половина општината. Во спротивно, може да се случи колапс и на енергетскиот систем.
Проблемот за компаниите кои изминатиов период се соочија, покрај со зголемени цени, и со откажувања на договорите од страна на снабдувачите со струја, Регулаторна очекува да се надмине со измените во Правилникот. Таму ќе се заострат критериумите за издавање лиценци, но ќе има и клаузули за да не можат да ги раскинат без основ договорите.
Извор: sitel.com.mk