Благодарение на апликацијата Google Maps, италијанската полиција успеа да фати мафијаш кој бил во бегство скоро 20 години.
Џиочино Гамино живеел под лажно име во Галапагар, Шпанија. Истражителите на Google Maps виделе маж пред продавница кој многу наликува на него, пишува CNN.
„Резултатите од истрагата ги потврдивме со фотограм“, изјави Никола Алтиеро, заменик директор на италијанскиот Регионалниот оддел за борба против трговија со дрога.
Гамино, член на сицилијанската мафија Стида, побегнал од затвор во Рим во 2002 година, а во 2003 година бил осуден на доживотен затвор поради убиство кое го сторил неколку години претходно.
Алтиеро изјави дека мафијашот се наоѓа во притвор во Шпанија, а екстрадиран ќе биде до крајот на февруари.
Извор: kajgana.com