Скопје денеска е втор најзагаден град во светот, на листата на air visual. Пред него е само Дака во Бангладеш.
Податоците од мерните станици за квалитет на воздух на Министерството за животна средина покажуваат дека Скопје и Кавадарци утрово се најзагадени градови во Македонија.
Овие два града се обоени со виолотева боја што укажува на многу високо загаден воздух. Високо загаден е воздухот во Куманово, Тетово, Гостивар и Кичево. Струмица, Гевгелија, Кочани и Велес се со средно загаден воздух.
Инаку, Струмица и Тетово два дена по ред имаа екстремно загаден воздух.