Вдишете длабоко, опуштете се и уживајте во возењето
Стресот и анксиозноста се составен дел од животот на секој претприемач. Вработените, клиентите и добавувачите се потпираат на успехот и растот на вашиот бизнис, а тој мал глас во вашата глава секогаш ќе ве потсетува на тоа. Ако се борите да го замолчите тој глас и да ја завршите работата, треба да ги практикувате овие три мантри.
ЈАС не го контролирам времето
Не можете да управувате со времето или да влијаете и контролирате некои работи. Кога ќе дојдете до такво сознание, вашето чувство на вознемиреност може лесно да се прекине. Бидете опуштени и правете го тоа што можете, без да се замарате со работи над кои немате контрола.
ЈАС напредувам
Постојаните потсетници дека остварувате некаков напредок ќе го замолчат тој досаден глас во вашата глава. Многу е едноставно да го ставите во преден план тоа што мора да го направите, но со забележување на сопствените напредувања низ целите, благословите и оние волшебни моменти за паметење, ви помагаат да се сетите дека мора да уживате во секој процес кој го преживувате.
ЈАС ќе ја променам мојата перспектива
Оваа последна мантра доаѓа во форма на три моќни прашања кои ќе ви помогнат да се фокусирате на оние навистина важни делови што можат да го смират вашиот вознемирен ум.
- Што е најважно?
- Заради што?
- Колку е доволно?
Анксиозноста е дел од животот на секој претприемач, но постојат конкретни работи што можете да ги направите за да го минимизирате влијанието што го остава вашата работа, односно вашиот бизнис, врз вашиот приватен живот.
Затоа повторувајте постојано: ЈАС не го контролирам времето, ЈАС напредувам и ЈАС ќе ја променам мојата перспектива.