Листата со најчести грешки при потрагата по работа е:
1. Имајте повеќе опции
„Кандидатите најчесто сметаат дека со повикот за разговор за работа тие ја добиле работата“ истакнува Јоан Спејн, директорка за управување со човечки ресурси. Ваквата пракса го зголемува разочарувањето кај кандидатите. Секогаш имајте повеќе алтернативи.
2. Посветете внимание на огласот за работа
„Кандидатите немаат волја да се пријават за некоја работна позиција ако огласот не звучи како работа од соништата. Воопшто не помислуваат дека интервјуто може да биде извор за повеќе информации“, истакнува Спејн.
3. Ја обезвреднувате работата
„Многу вработени сакаат да добијат работа на неопределено, но и работата на определено ги плаќа сметките“, вели извршниот претседател „Rhodes & Weinstock“, фирма која се занимава со регрутација на кадри. Работата на определено може да биде аудиција и дополнително искуство за таа на неопределено.
4. Имате проблематичен став
„Лош, негативен став во текот на интервјуто. Ако не сте позитивни, зошто некој би ве вработил?
5. Наведувате премногу детали во работното искуство
„Многу работници сметаат дека нивното работно искуство од пред 40 години е важно до денес“, вели Шерил Палмер, тренер за кариера која се занимава со составување на биографии. Наведете го искуството од последните 10-15 години.
6. Ви недостасува баланс
„Бидете одлучни, но не наметливи. Да го проверувате резултатот преку телефон или емаил може да биде меч со две острици“, истакнува Род Хуг, директор за комуникации во „Oxford Communications“.
7. Изгуглајте го своето име
Потенцијалниот работодавач сигурно ќе ве провери на интернет, затоа мора да знаете што се наоѓа таму. Избришете ги непотребните податоци на друштвените мрежи.
8. Мислите дека само вие сте на интервјуто
„Не се работи секогаш само за вашите потреби – важен е и работодавачот заедно со неговите потреби и потребата да заработи“, пишува Лори Б. во својата книга “Employment Law: A Guide to Hiring, Managing and Firing for Employers and Employees”.