Истражувачи од Универзитетот во Кардиф биле изненадени кога откриле за процената дека мажите и жените изгледаат подобро со хируршка маска која крие дел од лицето.
Доктор Мајкл Луис наведува дека во истражување спроведено пред пандемијата се покажало дека медицинските маски за лице ја намалуваат привлечноста бидејќи асоцираат на болести и инфекции.
„Сакавме да провериме дали ова се промени откако маските станаа секојдневно присутни и да разбереме дали и типот на маска има каков било ефект. Нашата студија покажа дека лицата се сметаат за најпривлечни кога се покриени со медицински маски за лице. Тоа можеби е така затоа што навикнавме здравствените работници да носат сини маски, а сега ги поврзуваме со медицински професии. Во време кога се чувствуваме ранливо, носењето медицински маски може да делува смирувачки и така чувствуваме попозитивни ставови кон оној кој ги носи“, вели тој.
Првиот дел од истражувањето е спроведен во февруари, 2021 година, кога британското население веќе се навикна на задолжителното носење маски.
Од 43 жени е побарано да оценат на скала од 1 до 10 колку е привлечен еден маж без маска или носи памучна маска, односно сина медицинска маска или лицето му е делумно сокриено со книга.
Учесничките рекле дека оние со платнена маска се повеќе привлечни од оние без маски или од оние чие лице делумно било скриено со книга. Но, обичната еднократна хируршка маска ги прави мажите уште попривлечни.
Пандемијата ја промени нашата психологија во тоа како ги доживуваме луѓето кои носат маски, пишува Guardian.
Фокусот сега е насочен на очите.
извор: kajgana.com