Од денеска АД Електрани ќе го преземат управувањето со БЕГ и со „Скопје Север“.
Со тоа ќе се спроведе владината одлука донесена неодамна, со цел да се реши проблемот со парното затоплување во главниот град. Најавите се дека од петок ќе има парно греење до 1 часот по полноќ.
– Согласно овој договор, БЕГ ќе го стави на увид на АД ЕСМ целокупното свое деловно работење до денот на склучување на овој договор, а од денот на склучување на овој Договор ќе му даде согласност на АД ЕСМ да управува со сите деловни активности на БЕГ, со сите трансакциски сметки, како и со наменската сметка која што БЕГ ќе ја отвори исклучиво за потребите на овој Договор за деловно техничка соработка, соопшти владината Прес-служба.
Греењето нема да биде скратено, туку ќе работи до 1 после полноќ. Не верувам дека ќе биде намалена топлината, според правилата, мора да биде 20,1 степен, рече министерот.
извор: lokalno.mk