АД „Пошта на Северна Македонија“ по повод роденденот на Тоше Проески, 25 јануари започнува акција – „Во чест и сеќавање на Тоше“ преку која може да купите поштенска марка, ФДЦ коверт, максимум карта и масовен коверт. Филателистичките производи ќе може да се нарачаат онлајн, преку електронската продавница на Пошта www.postashop.mk.
Поштенските марки се вечен паметник. Таква е и поштенската марка посветена на Тоше Проески која Пошта ја издаде во чест на нашата најголема музичка ѕвезда.
„Да се потсетиме на Тоше и да испратиме картичка со поштенска марка со ликот на Тоше на наш пријател или до Спомен куќата на Тоше Проески во Крушево и да напишеме колку ни значи Тоше“, велат од пошта.
извор: biznisinfo.mk