Податоците покажуваат дека од 328.570 пензионери најмногу 327.535 се стекнале со право на пензија по работен основ. Други 961 стекнале право на пензија како поранешни воени лица, а само 74 биле земјоделци и по тој основ оствариле право на пензија.
Во декември, минатата година имало 333 пензионери со пензија над 52.630 денари. 63 пензионери го земале највисокиот износ од 57.992 денари, покажуваат последните податоци на Фондот за пензиско. Или вкупно 1.340 пензионери во земјава се водат како пензионери со највисоки пензии, а распонот на нивните месечни примања по основ на пензија е од 40.548 до 57.992 денари во зависност од годината кога го стекнале правото. Најголем дел или 880 се со пензија од 42.240 денари, пишува во новата анализа на порталот Пари.
Вкупниот број на пензионери пак се зголемил на 328.570 лица додека просечната пензија во декември изнесувала 15.876 денари.
Подетално на темата може да се информирате на порталот pari.com.mk