НЛБ Банка АД Скопје за периодот јануари-декември 2021 година оствари нето добивка на износ од 2.219.107 илјади МКД и е зголемена за 30,2% во однос на претходна година
Нето каматните приходи, заклучно со 31.12.2021 година се повисоки за 3,2% споредено со претходната година, при што приходите од камати се пониски за 0,2%, главно поради пониски каматни приходи од секторите нефинансиски правни лица, банки и штедилници и население, додека расходите по камати се пониски за 24,0% главно поради пониски каматни стапки и преструктурирање на изворите во корист на средства по видување.
Нето приходите од провизии се повисоки за 7,1% споредено со претходната година, при што приходите од провизии се зголемени за 19,4% како резултат од зголемени приходи од ПОС терминали, повисоки приходи од услуги во платен промет во земјата и од трансакциски сметки. Расходите за провизии се зголемени за 41,8%, главно поради повисоки расходи за картично работење и повисоки расходи за услугите за работењето со готовина.
Останатите некаматни приходи изнесуваат 958.684 илјади МКД и се зголемени во однос на претходната година, главно поради остварени повисоки наплати на претходно отпишани побарувања кај нефинансиски правни лица и население како и поради зголемени приходи од курсни разлики.
Вкупните приходи од работење изнесуваат 5.167.258 илјади МКД и се повисоки за 14,7% во однос на претходната година.
Вкупните оперативни трошоци изнесуваат 2.099.245 илјади МКД и се зголемени за 8,9% при што трошоците за вработени се повисоки за 6,1%, трошоците за амортизација се повисоки за 16,6%, останатите расходи од дејност се повисоки за 9,9% во однос на претходната година.
Заклучно со 31.12.2021, беа издвоени Исправки на вредноста на финансиските средства и вонбилансна изложеност, на нето основа во износ од 576.512 илјади МКД или 14,3% помалку во однос на претходната година соодветно на структурата и квалитетот на кредитната изложеност. Исправките на вредност на нефинансиски средства изнесуваат 46.323 илјади МКД.
Финансискиот извештај можете да го погледнете тука.