Во Скопје времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Максималната температура ќе достигне до 8 степени.
Под влијание на влажен бран во понеделник во вечерните и ноќните часови во западните делови ќе има врнежи од дожд и снег, кои ќе продолжат и во вторник и ќе се прошират насекаде. Наместа врнежите ќе бидат пообилни. На повеќе места ќе се формира нова снежна покривка, а на планините ќе се зголеми. Локални врнежи од снег ќе има и во среда претпладне, информираат од УХМР.