Бројни полициски сили беа забележани во анти-ковид акциите викендов во Куманово. Полициски единици со панцирни елеци и оружје учествуваа во обезбедувањето на пазарните инспектори кои извршија десетици контроли низ целата држава. Некои од угостителите се жалат дека тоа предизвикало страв кај клиентите. Во Куманово викендов беа затворени 4 локали.
Управителот на еден од рестораните ни рече дека нивниот персонал ги проверил влезните потврди за вакцинација, но при увидот на инспекторатот и полицијата, тројца од нив не го покажале истото за да ја избегнат казната за лажна изјава и како резултат на тоа казнета е компанијата која добила и затворање од 10 дена.
За непочитување на анти-ковид протоколите, како немање потврда за вакцинација или поголем број клиенти од дозволеното, не се казнуваат поединците, туку товарот за лажните потврди, доколку полицијата не го констатира на лице место, го носат угостителските објекти со високи казни од илјадници евра.
Од Државниот пазарен инспекторат велат дека покрај затворањето на 7 објекти за време на викендот, во извештајот за последните 6 месеци биле констатирани уште 37 други неправилности за непочитување на анти-ковид мерките.
извор: alsat.mk