Државниот здравствен и санитарен инспекторат, во консултација со Министерството за здравство, со Агенцијата за заштита на личните податоци и со Владата го изготвува дигиталниот модел за испорака на информациите и решенијата за изолација до граѓаните заради утврдена инфекција или заради контакт со позитивен од ковид-19.
Моделот подразбира дека секој граѓанин кој има потреба да дојде до сопственото решение, ќе има пристап преку веб-страница, единствено до своето решение за изолација, без да има увид во податоците на другите граѓани на кои им е издадено решение за изолација.
За постапката за пристап до решенијата која ќе се одвива преку веб-платформа граѓаните ќе бидат навремено информирани во рокот утврден за примена на новиот начин на испорака на решенијата за изолација до граѓаните.
извор: novamakedonija.com.mk