Денес Регулаторната комисија за енергетија (РКЕ) треба да ги утврди новите цени на горивата како што вообичаено тоа го прави секоја втора недела
Пред две недели, РКЕ донесе одлука со која цените на бензините поевтинија за денар.
По одлуката од 26.06.2018 година малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 71,00 ден/литар, на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 73,00 ден/литар, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е-V) изнесува 63,50 ден/литар, додека на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 52,00 ден/литар.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС по одлуката на РКЕ од 26.06.2018 изнесува 33,695 ден/кг.
Изминатиот вторник порталот Прес24 пренесе дека заради зголемувањето на цената на суровата навта на светските берзи, се очекува поскапување да биде над 3 денари за литар.
Останува да видиме која ќе биде одлуката на РКЕ која треба да биде соопштена во попладневните часови денеска.