![Компанија во Германија им плаќа по 5.000 евра на работниците кои се вакцинирани](https://s.vrabotuvanje.com.mk/data/images/preview/article/ee/7cd166ee-resize-820x0x100.jpg)
Германска компанија која се занимава со производство на канцелариска опрема, им исплатила по 5.000 евра на вработените кои биле вакцинирани
Откако е понудена премијата, стапката на вакцинација е зголемена за цели 30 отсто.
Кога започна акцијата во ноември минатата година, беа вакцинирани 60 отсто од околу 550 вработени, а кога акцијата заврши на 14 јануари стапката на вакцинација достигна ниво од 88 отсто.
Акцијата ја чинеше компанијата вкупно 2,5 милиони евра.
Тоа е стапката што сакавме да ја достигнеме, рече директорот на компанијата Данило Фразиак.
Тој нагласи дека акцијата е инвестиција во здравјето на вработените.
Тоа го покажа и бројот на заболени – во ноември дневно имало и до десет случаи на заболени поради инфекција со коронавирус, а во последните шест недели немало ниту еден случај.