Бизнис секторот се соочува со нов проблем. Стопанственици од Сојузот на стопански комори се жалат дека добиле решенија за враќање на користената парична помош од државата за плати на вработените, но со повеќе месечно задоцнување. Од УЈП велат дека се било испратено навреме. Во меѓувреме, додека бизнисот се обидува да застане на здрави нозе, од државата добиваат нови закони и правила кои им ја забавуваат тенденцијата за опоравување од кризата.
Бизнисмените од Сојузот на стопанските комори не можат да добијат објаснување од државата која е причината што на нивна адреса се стасани решенија за враќање на средства добиени како помош за пандемијата, но со истечен рок. Како да делуваат и што следно да прават, велат дека немаат насоки. Ова го класифицираат како нефункционалност на државните системи, кој кулминирал за време на пандемијата. Стопанствениците од ова бизнис здружение велат дека сметководителите во нивните компании како единствената алка меѓу државата и стопанството, мораат да ги запазат сите пропишани рокови за даночни пријави, но не и државните институции.
Бизнисмените побараа од Управата да ги преземе сите потребни чекори пред ресорното Министерство за финансии и да ги одложи роковите за враќање на поддршката поради своето доцнење наместо течење на камати и присилна наплата на долговите, институциите ќе ги согледаат пропустите во своите редови и ќе одговорат соодветно на нашето барање, со цел полесно справување со последиците од пандемијата.
„Корисниците на финансиска поддршка согласно условите опишани во одредбите од Уредбите и Законите кои се однесуваа на финансиската поддршка, уште со поднесувањето на барањето за финансиска поддршка беа запознаени дека треба да извршат враќање на финансиската поддршка. Дека обврската за враќање на финансиската поддршка не е новина или изненадување, туку е очекувана, е и поднесување на барање за пресметување на износот за враќање финансиската поддршка од страна на корисниците, со доставата на решенијата само е потврдена обврската“, велат за Денар од УЈП.
Според правилата, искористената финансиската поддршка во 2020 година е неповратна за физичките лица што самостојно вршат дејност кои се оданочуваат според паушално утврден нето-доход, како и на корисниците физички лица кои самостојно вршат дејност и се оданочуваат според вистински доход кои не искажале даночна основа во даночните биланси, односно заради остварена загуба. За сите останати правилата велат дека финансиската помош е повратна во целост, но не повеќе од 50% од финансискиот резултат зголемен за непризнаените расходи искажни во даночниот биланс за 2020 година.
извор: denar.mk