![Фејсбук и Инстаграм остануваат во Европа](https://s.vrabotuvanje.com.mk/data/images/preview/article/5e/9e5b2de5-resize-820x0x100.jpg)
Мета објави дека нема намера да го напушти европскиот пазар.
Се појавија информации дека поради проблеми со европските регулативи во врска околу преносот на лични податоци меѓу ЕУ и САД, може да ги затворат Фејсбук и Инстаграм во ЕУ, но сега тоа го демантираа од Мета.
Тие издадоа соопштение во кое се наведува дека не се точни информациите за наводна закана и напуштање на европскиот пазар.
Од Мета велат дека немаат намера да го прават тоа.
Корисниците во Европа можат да се релаксираат.