Поради големата потреба за стручњаци со овие знаења и вештини, како и недостатокот на квалификувани луѓе, софтвер-тестерите денес се подеднакво побарувани како и девелоперите, што ја прави оваа професија добар избор за секој кој го привлекува работата во IT-индустријата, а не би работел исклучиво со програмирање.
Едноставно кажано, Software Testing и Quality Assurance претставува процес на отркивање грешки (багови) во компјутерските системи или софтвери. Со помош на знаење и посебни алатки за тестирање (програмирањето не е клучно за почеток со работа во оваа област) софтвер тестерите бараат грешки во програмите, за да можат девелоперите да ги исправат и да им овозможат на крајните корисници совршен производ.
Денес, проверката на исправноста на софтверот е неизбежен процес во креирањето на било која апликација или дигитален производ- од социјални мрежи, до интернет пребарувачи, па се до посебни програми и игри. Поради тоа, голем број компании вработуваат софтвер тестери, нудејќи им примамлива плата и одлични услови.
Побарувачката за овој тип на стручњаци се зголемува се повеќе од ден на ден поради зголемената употреба на нови технологии како Big data, IoT, AI и Cloud. Затоа Software Testing и QA претставуваат битна гранка во IT- индустријата бидејќи заштедува пари, ја обезбедува безбедноста и квалитетот на производите и го зголемува задоволството на корисниците. Затоа кариерата во оваа област е една од најпрофитабилните во IT-индустријата.
Дали оваа кариера е баш за секој?
Пред сè, секој може да стане добар софтвер тестер.
Доколку сте спремни за учење и работа, ништо не ви стои на патот на започнување на оваа профитабилна кариера. Оваа професија е особено добра за перфекционисти, односно за оние кои имаат остро око и приметуваат грешки што другите не ги гледаат, на пример во некои текстови на социјалните мрежи или во филмови. Исто така, во оваа област можат да бидат успешни и аналитичките и комуникативните луѓе кои имаат способност да разградуваат и пренесуваат информации. Конечно, секој кој е страствен кога е во прашање работа и кој е подготвен да се усовршува може да постигне кариера како софтвер тестер.
Секако, за да ја работите оваа работа, неопходни ви се и соодветни технички знаења, а нив можете да ги добиете со соодветна едукација. Добра вест е што тестирањето на софтверот се врши со користење на различни алатки кои се едноставни за употреба, поради што дури и оние кои немаат претходно знаење или претходно искуство во IT можат лесно да ги совладаат.
5 причини поради кои Software Testing e совршено за започнување на IT кариера
- Софтвер тестерите се барани и добро платени
Како што веќе споменавме, побарувачката за софтвер тестери далеку ја надминува понудата, поради што луѓето со ова знаење немаат проблем да се вработат. Високата плата, која е неколку пати повисока од просечната, одговара на големата побарувачка: со работењето на оваа професија во регионот може да заработите околу 1.300 евра месечно, додека во странство ќе можете да заработите во просек по 45.000 евра годишно.
- Лесно за учење и одличен избор за влез во IT
Како што веќе кажавме, неопходните знаења за Software Testing, како и алатките со кои се извршува самото тестирање, лесно се учат, поради што и оваа кариера е подеднакво примамлива и на оние кои немаат предзнаења, а и на оние кои сакаат ја сменат професијата од некоја друга бранша во перспективниот IT-сектор.
- Сами си бирате како ќе работите
Software Testing ви дава можност да си одберете начин на работа кој што вам ви одговара, дури можеби и повеќе отколку кај другите професии во IT- секторот. Дали ќе изберете трајно вработување во некоја добра компанија со фиксно работно време или ќе се одлучите да работите како фриленсер и да соработувате со клиенти од целиот свет, а воедно сами си избирате кога и колку ќе работите, во потполност зависи од вас и од вашите афинитети.
- Одлично за сите кои направиле пауза во кариерата
Доколку, поради различни животни околности имате направено пауза во кариерата, без оглед на тоа дали е во прашање IT-област или сектор кој воопшто нема поврзаност со технологија, и сега сакате да започнете од почеток, Software Testing е вистинскиот избор. Брзо ќе стекнете знаење, а добра плата и работа може да се добиете без многу чекање.
- Отскочна даска за бизнис аналитичари или програмери
За софтвер тестерите кои сакаат да се реализираат и во други области, вратите се ширум отворени. Благодарение на деталната анализа на софтверот и тестирањето дали ги исполнува стандардите што ги очекува крајниот корисник, софтвер тестерите лесно може да се префрлат во бизнис аналитичари и да си ја постигнат кариерата во таа област. Исто така, познавањето на софтверот и неговите грешки им овозможува завидно предзнаење од областа на програмирањето, кое им овозможува побрзо и полесно да го научат соодветниот програмски јазик и да започнат кариера како програмер.
- Лесно е да се стекне знаење за оваа примамлива професија
Побарувачката и добрата плата не се единствената причина зошто сега е вистинското време да се одлучите за оваа професија. Друга причина е што знаењето неопходно за вршење на оваа професија е подостапно од кога било досега.
- На интернет можете да најдете голем број на онлајн курсеви и туторијали кои можат да ви ги обезбедат основите во оваа област. Меѓутоа, доколку сакате да стекнете знаење на најбрз и најквалитетен начин што ќе ви овозможи сигурна работа, тогаш најдобро е да се одлучите за некое докажано училиште.
Структурирана програма која не трае подолго од една година, посветени предавачи кои ќе ве поддржуваат во текот на студирањето, како и работа на реални проекти, се гаранција дека ќе се вработите за време на школувањето или многу брзо по неговото завршување.
Сите слободни позиции од IT секторот се на ЛИНКОТ