Државата ќе објави кои газди не ја испочитувале неработната недела. Од денеска трудовите инспектори се на терен, вршат интензивни контроли во фирмите кои согласно закон смеат да работат во недела, но за тоа мора да платат поголема дневница. Вчера истече законскиот рок за исплата на јануарската плата на која треба да бидат додадени поголемите дневници.
Дел од работниците веќе реагираат дека не им с еисплаќа согласно закон. Конкретно, вработени во институции од културата обвинуваат дека или се уште не зеле плата затоа што Министерствто не знае како да ја пресмета, или зеле ама без неделни дневници. Министерката вели дека проблемот не е кај нив туку кај тие што работеле иако не требало да работат.
Согласно измените во законите за работни односи и трговија од 01 јануари во недела смеат да работат само дејности каде што не смее да има прекин во работниот процес. Дејностите пак кои смеат да работат се наброени во законот и подлежат на обврската за најмалку 50% поголема дневница и слободен ден за работниците во текот на неделата.
извор: www.novamakedonija.com.mk