Од 200 тестирани основци за Ковид-19, само едно дете било позитивно – ова е резултатот од првиот ден скрининг во скопските училишта со брзи тестови, кој ќе продолжи во понеделник.
Здравствените власти се задоволни од реакцијата на родителите, а за потребните 1000 анализи добиле над 4000 согласности. „Доколку ваквиот тренд продолжи, тогаш ќе нема потреба од продолжување на овие анализи кај учениците“, изјави министерот за здравство, Беким Сали. „Она што го гледаме е дека повеќето држави одржуваат настава со редовност, нема онлајн настава, но меѓутоа за да бидеме релевантни и да не настане штета по нашите деца сепак овој скрининг ќе ја покаже вистинската насока по која се движиме“, изјави д-р Владимир Рендевски, заменик министер за здравство. Извор.ticka.com.mkСкрининг во училиштата:Од 200 деца само едно позитивнo
Актуелно
-
Ова е песната која најмногу релаксира: Не слушајте ја додека возите
Во студијата која ја спроведоа британските научници, клинички ја одредија песната која најмногу релаксира.
-
Хаос на скопскиот аеродром, авиони се враќаат, маглата ги блокира летовите
Попладнево, поради густа магла, повторно се соочуваме со пореметувања на авиосообраќајот на Меѓународниот аеродром Скопје. Неколку летови се откажани, а дел од авионите беа пренасочени кон соседни аеродроми.
-
Третина од населението во ЕУ посетувало онлајн курсеви лани
Во 2024 година, 33 проценти од корисниците на интернет во Европската унија изјавиле дека посетувале онлајн курс или користеле онлајн материјали за учење во период од три месеци. Ова е зголемување од три процентни поени (п.п.) во споредба со 2023 година (30 проценти).
-
Во Бангкок воведен бесплатен јавен превоз со цел да се намали загадувањето на воздухот
Во главниот град на Тајланд, Бангкок од денеска во следните седум дена јавниот превоз ќе биде бесплатен. Одлуката е донесена во обид да се намали високото ниво на загаденост на воздухот
-
НЕ СЕ ГЛЕДА ПРСТ ПРЕД ОКО: Скопје на високото 12-то место меѓу најзагадените градови во светот
Денес, Скопје се најде на 12-та позиција на листата на најзагадени градови во светот, со воздух кој е речиси во „црвената зона“ – што укажува на критични услови за дишење. Според податоците, нивото на PM10 честичките изнесува 140, што го прави воздухот небезбеден за здравјето. Може да погледнете и видео од тоа како „не се гледа ниту прст пред око“.
-
Јапонските ученици ќе се префрлат на исклучиво дигитални учебници
Работна група на јапонското Министерство за образование предложи од 2030 година на училиштата да им биде дозволено да користат исклучиво дигитални учебници, пренесува Japan Today.