Синдикатот на образование вели дека ако политичарите вистински имаат намера да им ги зголемат платите на просветните работници тоа може да го направат преку измена на Колективните договори, а не само со предлог закон. На тој начин нема да биде селективно зголемувањето на платите, туку освен професорите и стручните соработници повисоки плати ќе добијат и техничките лица вработени во секторот образование.
Иако предлог законот е доста стар, околу две години, синдикатот на образованието одамна има поднесено забелешки на текстот во однос на членови кои се неспроведливи на терен. Од СОНК веќе реагираа дека предлог законското решение овозможува нетранспарентно делување, постојат во него проблематични точки, а дополнително токму тие делови од законот можеле да поминат без знаење на синдикатот.
„СОНК не се согласува со новата систематизација што е ставена во закон, каде што платите на вработените во дејноста образование е изразена во бодови, и тоа е невообичаено. Ние имаме постојани колективни договори, со кои е утврден коефициентот на сложеност на работното место. Исто така, напредувањето во кариера е проблематично во делот кој постои кај наставниците, но не и за стручните соработници“, велат од СОНК.
Според информациите зголемување на платите во секторот образование чекаат речиси 30 илјади вработени лица. Според Законот за минимална плата во рок од најмногу шест месеци платите на вработените во приватниот но и во јавниот сектор треба скалесто да пораснат. Но и по неколкуте зголемувања на минималецот, Законот за минимална плата никогаш не се почитувал во целост.
извор: denar.mk