Кофеинот го подига нашето ниво на енергија и расположение, но и нивото на стрес во телото.
Ние едноставно сакаме да пиеме кафе. Но, пречестото пиење лесно може да доведе до зависност од кофеин. Оваа зависност се рефлектира во симптоми како што се главоболки, замор и болки во мускулите.
Експертите затоа велат дека најдобро е постепено да го намалувате внесот на кафе, за вашето тело да се навикне на промените. Исто така, се забележува дека е потребен зголемен внес на вода за време на периодот на одвикнување на кафето.
Еве неколку пијалоци кои се препорачуваат како поздрава замена за кафе.
Зелен чај
Зелениот чај содржи и кофеин, но неговата количина е значително помала од онаа што се наоѓа во кафето. Намалувањето на нивото на кофеин со консумирање зелен чај може да помогне да се намали чувството на анксиозност и да се подобри сонот. Содржи и многу антиоксиданси кои го забрзуваат метаболизмот и го зголемуваат согорувањето на мастите.
Чај од куркума
Лековитите ефекти на куркумата се многубројни, што го потврдуваат и медицинските тестови. Чајот од куркума е одлична замена за кофеинот бидејќи ја намалува мускулната напнатост, го подобрува расположението и може да помогне при дерматолошки заболувања. Добар е и за црниот дроб и метаболизмот.
Чај од ѓумбир
Верувале или не, ѓумбирот содржи витамин Ц, магнезиум, витамини од групата Б, калиум, калциум, фосфор и натриум. Покрај тоа што е добар сојузник во борбата против дигестивните проблеми, позитивно влијае на циркулацијата, кардиоваскуларниот систем и ја ублажува мачнината.
Црвен чај Роибос
Можеби не сте слушнале за овој чај, но време е да научите нешто за ова прекрасно растение. Овој пијалок е познат како африкански чај и мајчино чудо. Не содржи кофеин, па пиењето може да го подобри спиењето, здравјето на срцето и расположението. Покрај тоа, овој напиток го намалува стресот и нервозата. Ова растение, исто така, има корисни ефекти врз кардиоваскуларниот систем, кожата, алергиите и здравјето и виталноста на коските.