Вкупно 160 денари ќе треба да издвои секој возач за патување од Скопје до Штип преку Миладиновци.
Оваа сума ќе биде во важност откако ќе се пуштат во употреба новите две патарини. Засега двете се во фаза на градба а според најавите на надлежните би требало да бидат готови во мај.
Ова значи дека за поминување преку патарината кај Преод ќе се плаќа 50 денари, додека кај Кадрифаково цената ќе биде 70 денари.
Ако на ова се додаде и патарината кај Миладиновци која чини 40 денари, испаѓа 160 денари во правец од Скопје до Штип.
извор: biznisvesti.mk