Проектот МојДДВ речиси две години успешно се спроведува и дел од парите на граѓаните, со скенирање на фискални сметки, повторно се враќаат кај нив.
Повеќе од 440 илјади корисници редовно скенираат фискални сметки и учевствуваат во проектот на Управата за јавни приходи „МојДДВ“. До сега, според пресметките имаме вратено околу четири милијарди денари кај граѓаните и ќе продолжиме и во иднина, изјави директорката на УЈП.
Таа појаснува дека УЈП има законски рок од 60 дена по завршување на секое тромесечје да изврши исплата на дел од ДДВ, кое граѓаните го имаат скенирано преку фискалните сметки.
извор: vecer.press