Иако сите сме свесни дека оваа страшна пандемија е ноќна мора за сите нас подеднакво, Ковид пандемијата е особено тешка за младите луѓе од многу различни причини.
Додека некои од постарите генерации веќе имаат креирано живот за себе, младите „потрошија“ повеќе од 2 години со константно чувство за неизвесност во врска со иднината.
Во најважните години познати како „години во кои се формира карактерот“ во кои адолесцентите создаваат чувство за тоа кои се како поединци и го истражуваат своето место во светот, овие млади луѓе се отсечени од социјалните интеракции, дистанцирани, изолирани и исплашени. Се плашат за своето здравје, за здравјето на нивните родители, за нивното ментално здравје, за нивната социјална состојба, за нивната работа, образование итн.
Како што покажуваат различни студии, сите овие фактори придонесуваат за загрижувачки пораст на бројот на млади луѓе кои се соочуваат со проблеми со менталното здравје како што се анксиозност, депресија итн.
Некои од бруцошите во гимназија и факултет никогаш не се сретнале со своите колеги и професори и иако ова е навистина изолирачки на личен план, овој недостаток на вмрежување создава исто така и потешкотии во однос на развојот на кариерата на овие генерации.
Дополнително, на младите кои моментално се во работната сила - или сега се обидуваат да влезат во работната сила - ќе им биде сè потешко да најдат пристојно вработување. Работењето од дома е потешко за помладите вработени бидејќи повеќето од нив се на почетни позиции и имаат потреба од ментори кои ќе ги водат на работното место, но за жал овој индивидуален пристап не е главниот фокус на компаниите за време на пандемијата.
Оваа глобална пандемија ја продлабочи веќе постоечката криза во образованието, при што милиони млади луѓе не ги развиваат вештините што понатаму ќе им овозможат да добијат добра работа, да започнат со својата кариера и да се вклучат во нивната заедница.
Останува прашањето, што можеме да побараме од бизнисот секторот и компаниите да направат со цел да го намалат овој постоечки проблем?
Одговорот е дека навистина можеме да побараме многу нешта, но најважното нешто кое компаниите можат да го направат е следното: да превземат пристап индивидуален пристап кон своите вработени и општо пазарот на труд со цел да ги спречат негативните ефекти од пандемијата.
автор на текстот: Анита Јанчевска, HR консултант во Vrabotuvanje HR Solutions