![Ова се петте најдобри градови за ноќен живот - на листата два градa од соседството](https://s.vrabotuvanje.com.mk/data/images/preview/article/a9/0b2d869a-resize-820x0x100.jpg)
Интернет порталот „Simple Char“ со помош на податоци од апликацијата „OpenStreetMap“ и „TripAdvisor“ направил истражување кое треба да покаже во кои градови најдоцна се затвораат кафулињата, рестораните и ноќните клубови и каде има најдобар ноќен живот.
На листата градови со најдобар ноќен живот на прво место се најде Каиро. Во Каиро клубовите главно работат до 3 часот наутро, рестораните затвораат во околу 12 часот, а кафулињата во 12 часот и триесет минути.
Главниот град на Египет го зазеде првото место на оваа листа со 98,3 поени од можни 100.
![](https://supermen.tocka.com.mk/images/content/inside/2022-02/s4xNr5Zqz8-simple-ghar-ova-se-pette-najdobri-gradovi-za-noken-zivot-na-listata-dva-grad-od-sosedstvoto.png)
На второто место се најде Атина. Таму рестораните работат до полноќ, ноќните клубови до 2 часот и 30 минути по полноќ, кафулињата затвораат пред 11 часот навечер. Атина освоила вкупно 97,4 поени.
На третото место се најде Белград, а како што наведува порталот, Белград во светот е познат по добрата храна и одличен ноќен живот, пренесува.
Таму кафулињата затвораат во околу 11 часот и 30 минути, клубовите работат во просек до 1 часот по полноќ, а постојат и клубови кои работат до утринските часови.
Белград освоил вкупно 88,6 поени.
![](https://supermen.tocka.com.mk/images/content/inside/2022-02/EaK2XShdKl-simple-ghar-ova-se-pette-najdobri-gradovi-za-noken-zivot-na-listata-dva-grad-od-sosedstvoto.jpeg)
На четвртото место на листата најдобри градови за ноќен живот се најде Истанбул, додека пак на петтото место се најде Дубаи.