Во Холандија минатата година се отстранети 879 банкомати од кои граѓаните можат да добијат готовина, а останале само 4.916, покажуваат податоците на Холандската Народна банка.
Стравувајќи од грабеж на банкомати, банките ги затвораат или ги демонтираат, а ги има една третина помалку од пред две и пол години. Работното време на банкоматите е исто така ограничено, а повеќето се исклучени помеѓу 23 и 6 часот наутро.
Таа привремена мерка, која има за цел да ги обесхрабри разбојниците, сега е правило. Само банкоматите во близина на ноќните клубови се отворени до два часот по полноќ.
Во Холандија, секој граѓанин треба да има пристап до банкомат не повеќе од пет километри од дома. Околу 23% од сите трансакции во Холандија се во готовина.
Tешко да се најде локација за поставување банкомати, бидејќи сопствениците на зградите се загрижени за потенцијалните штети што крадците ќе ги предизвикаат со минирање на тие машини за да дојдат до пари.
Наместо улични банкомати, Гелдмат експериментира со воведување специјални мали локали без персонал, но со камери и друга безбедносна опрема. Оваа година се очекува да бидат отворени 15.
извор: biznisinfo.mk