Стопанска банка АД – Скопје ги информира своите почитувани клиенти дека на 3.2.2022 (четврток) ќе се изврши процесирање на паричните средства за социјална, детска и цивилна заштита, при што за клиентите – корисници на дебитни картички, средствата ќе бидат веднаш достапни за располагање САМО во трговија и на банкоматите.
Готовинска исплата во филијалите на Банката ќе се изврши етапно на 3-ти февруари (четврток) и 5-ти февруари (петок) 2022 година, со строго дефиниран редослед по азбучен ред и тоа според почетната буква од презимето:
- 3.2.2022 (четврток) исплата за А, Б, В, Г, Д, Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ, И, Ј, К, Л, Љ; (презиме)
- 4.2.2022 (петок) исплата за М, Н, Њ, О, П, Р, С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ, Ш; (презиме)
Потребно е клиентите да се придржуваат до овој распоред со цел успешно спроведување на исплатата. Од Стопанска банка АД – Скопје апелираат овие клиенти при посета на филијалата, пред се заради лична заштита, да поднесат и барање за изработка на дебитна картичка со што ќе бидат подготвени за подигнување на нивните средства следниот месец.
Банката повторно апелира до сите клиенти корисници на средствата за социјална заштита да пристапат кон активно користење на дебитните картички и банкоматите со цел намалување на нивната потреба од користење на филијалите не само за овие приливи туку и за приливите кои следуваат додека траат мерките за заштита.
Воедно, од Банката апелираат за разбирање од страна на останатите клиенти во овие неколку денови на процесирање на паричните права за социјална заштита за поголема трпеливост и почитување на препораките за лична и колективна заштита.
извор: bankarstvo.mk