Некогашното Скопје беше и останува симбол на љубовта, радоста и солидарноста! Денес се помалку од овие вредности, но се повеќе спомени!
Спомени и носталгија за старото Скопје, а како старите скопјани го опишуваат прочитајте преку следните реченици:
Скопје е ....
- бакнеж на клупа покрај кејот на Вардар
- кога ја/го чекаш на Рекорд
- кога навиваш за Вардар или Работнички
- кога одиш на Први Мај на излет на Треска или во Сарај
- кога одиш на благо во „Апче“
- кога одиш на ќебапи во „Дестан“
- кога одиш на викенд на Водно или Матка
- кога одиш на турски чај и баклава во Турска чаршија
- кога одиш на скара кај Жабарот
- кога се сеќаваш на хуманоста на Мајка Тереза
- кафе на улица Македонија
- погледот од Кале
Имате ли уште нешто да додадете за да го разубавите градот?