Има дестинации до кои туристите патуваат за да уживаат во храната, во мирисот и вкусот на локалните специјалитети. Тоа, секако, се земјите од регионот, од Словенија до Македонија, од Италија до Грција. Тука можат да се вкусат локалните деликатеси, меѓутоа треба да се каже дека има дестинации каде што туристите не сакаат да патуваат, барем кога е во прашање националната кујна. Кои се тие држави?
Велика Британија традиционално е позната како земја во која храната претежно е без вкус, специфична и чудна, а веднаш по неа се: Холандија, Финска, често и Русија и бившите земји на Советскиот Сојуз. Нивната храна е базирана на локални намирници, кои, за повеќето, не се примамливи за јадење. Меѓу најлошите јадења треба да се издвојат: сите видови засолена и ферментирана риба, трбушки од разни животни, како и некои видови локален зеленчук. Рестораните во овие држави се врвни, но тука станува збор за локални и народни специјалитети.
Од подалечните земји во ова друштво се наоѓаат и: Монголија, Никарагва, Непал, Јамајка, како и повеќето африкански држави. Туристите често наведуваат дека таму храната не е невкусна и поради ограничениот избор на намирници е неинтересна и монотона.
извор: novamakedonija.com.mk