Прекин во водоснабдување утре од 9 часот ќе имаат корисниците од улиците „Букурешка" и „Париска".
Како што соопштија од јавното претпријатие „Водовод и канализација“, прекинот е поради дефект на приклучна цевка на улица „Букурешка“, број.103.
Додека, пак, од 11 часот без вода ќе бидат корисниците од улицата „Руѓер Бошковиќ“, број 11 поради дефект во шахта на истата улица.
Корисниците ќе бидат без вода се до завршување на интервенциите.
извор: makpress.mk