Индустријата за газирани пијалаци постои над 100 години. Иако низ годините имаше повеќе иновации на вкусот и амбалажата, едно нешто е исто од самиот почеток – газраниот вкус. Pepsi сега презема најамбициозен чекор досега и ја претставува својата иновација – Nitro Pepsi.
Nitro Pepsi е првиот газиран пијалак во светот со азот, кој е многу помек за пиење отколку обичниот газиран пијалак. Вкусот е кремав, мек и има каскада од мали меурчиња и еден куп пена.
Nitro Pepsi ќе го смени она што вие го знаете за газираните пијалаци. Помалите меурчиња и азотот создаваат неверојатно мека, кремава текстура, која е овозможена од уникатен виџет кој се наоѓа на дното на секоја лименка. Ова е прв пат да се користи овој тип на виџет технологија за газиран сок, а често се среќава кај производите од кафе и пиво.
Nitro Pepsi не изгледа и нема вкус како традиционалниот пијалак, и всушност, најдобро е да се консумира на поинаков начин. Имено, додека Nitro Pepsi го пиете одлименка, евен неколку работи кои ќе го направат уште повкусен:
-најдобро е да се пие ладен, но без мраз
-најдобро е да се пие директно од чаша, ане со сламка, а уникатната пена да ви остави убави „мустаќи“
Nitro Pepsi ќе биде достапен со два вкуса – Draft Cola и Vanilla Draft Cola, во нови дизајнирани лименки.