Наставниците ја имаат најстресната работа, а тоа го покажува последна студија според која 75 отсто од наставниците секојдневно имаат многу интензивни нивоа на стрес. Студијата е нова, објавена е во 2021 година. Ова го потенцира Ребека Грејнџер – Елис, експертка за социјално и емоционално учење.
„Наставниците се изјасниле дека имаат високо ниво на секојдневен стрес. Наставничката професија се смета за најстресно занимање во светот. Причина за ова е тоа што училиштните организации немаат добро водство и колегијална пријатна средина. Обврските на работното место, многу евалуации, проблеми со однесувањето на децата, со родителите, придонесуваат за стресот. Родителите треба да научат здрави механизми за справување. Ова ќе ја подобри работата на наставниците. Многу често наставниците имаат ниски емоционални и социјални вештини, не можат да управуваат со сопствениот стрес“, рече Грејнџер – Елис.
„Мораме да им помогнеме на децата да бидат издржливи за да можат да се справат со несигурностите и да ги поддржиме за да ги развијат вештините што им се потребни за да обликуваат подобра иднина за сите“, додаде таа.
извор: meta.mk