Високи 70 проценти од учениците се сведоци на насилно однесување во нивните училишта, но истото не го пријавуваат од бројни причини, меѓу кои не знаењето кому да пријават или како да пријават, а да останат аноними пријавувачи. Висок процент на ученици, односно 82,3 проценти, одговориле дека наставниот кадар посветува најмногу време на ваква едукација, покажа истражувањето на Тинк-тенк организацијата Аналитика спроведено со учениците од три средни училишта на територијата на државата.
Истражувањето било спроведено на репрезентативен примерок од 305 ученици во училишта со мешан етнички состав, соопштија од Аналитика, додавајќи дека целта на ова истражување била да се утврдат видовите на насилство на кои се изложени учениците во средните училишта, согледување на улогата на наставниците во превенција и делување при насилно однесување во училиштата, но и на останатите чинители во образовниот систем како што се психолошко-педагошката служба, надлежните институции и родителите.
Повеќе информации прочитајте на meta.mk