Оваа година вкупниот број на категории е 22 со плус главниот избор САЈТ НА ГОДИНАТА.
Настанот ќе можете да го проследите на сајтот https://sajtnagodinata.mk/ или на нивниот Youtube канал.
НЕДЕЛА, 13ТИ МАРТ, 17:00 ЧАСОТ
Целта на оваа манифестација е да придонесе во развојот на интернет медиумите во Македонија, како и развој на интернет маркетингот. Исто така оваа манифестација има за цел да помогне да се валоризира трудот на специјалистите, менаџерите и агенциите кои се активни на ова поле во Република Македонија. Со манифестацијата и со доделување на награди за најдобрите сајтови, ќе се придонесе кон поголема конкурентност и инвентивност кај интернет медиумите во Република Македонија. Се очекува, покрај подобрување на квалитетот содржините на интернет медиумите, развој на дигиталното општеството во Македонија, со медиумската покриеност на настанот, да придонесе кон зголемување на бројот на интернет посетители на номинираните сајтови, како и да се зголеми бројот на квалитетни активни веб сајтови во Република Македонија.
Изборот на „Сајт на годината“ се одвива на следниов начин: сопствениците или вработените во сајтовите или нивните посетители го номинираат сајтот на специјализираната веб-страница https://sajtnagodinata.mk/, а потоа неколку илјади интернет-посетители се регистрираат со својата е-адреса и гласаат за своите омилени сајтови во дваесетина категории. На крајот се прогласуваат победниците, оние коишто добиле најголем број гласови по различни категории на онлајн гласањето.
За потсетување лани главната награда ја понесе Фејсбук групата Ковид19 искуства и совети, а првиот победник за 2010 година беше kajgana.com.