Работниците од фабриката „Фиат Крајслер автомобили Србија“ се испратени на платен одмор по само два работни дена во март, а локалниот синдикат стравува дека тоа ќе бидат единствените работни денови овој месец
Претседателот на Самостојниот синдикат FCA во Крагуевац, Саша Ѓорѓевиќ за агенцијата Бета изјави дека вработените работеле во вторник и среда, по што биле испратени на платен одмор до 18 март.
Тој изјавил дека e голема веројатноста ова да биде последен работен ангажман за месец март.
Ѓорѓевиќ изјави дека во февруари се одработени само три дена и оцени дека годинава бројот на работни денови е значително намален во однос на претходната, кога исто така беше намалено производството.
Тој додава дека објаснувањето на раководството за одење на платен одмор е секогаш исто - дека производството е усогласено со потребите, односно побарувачката.
„Ова е тежок период за нашата компанија, но ситуацијата секако дополнително се влошува поради кризата во Украина. Сепак, клучното прашање на нашите загрижени работници е што ќе се случи во иднина“, рече Ѓорѓевиќ.
Тој посочи дека „никому не му е сеедно“, што работниците се загрижени дали ќе ги задржат своите работни места и дека се плаши дека кризата ќе ги одложи најавите „дека со неработните денови е завршено“.