Во соработка помеѓу синдикатот „UNI Global“ и невладината организација за заштита на приватноста „noyb.eu“, вработените во магацините на Амазон во Германија, Велика Британија, Италија, Полска и Словачка пополниле барања за пристап до приватните информации согласно Регулативата за заштитата на генералните податоци на Евопската унија. Целта е да се открие како Амазон ги третира личните податоци на вработените.
Работниците досега се оставени во темно кога се работи за употребата на нивните лични податоци, и покрај тоа што Амазон користи софистициран систем кој го мониторира работниот процес и работниците. Амазон има рок од еден месец да одговори и целосно да го открие процесуирањето на личните податоци на вработените.
Амазон ги шпионира вработените
Интерните документи на националните синдикати укажуваат на тоа дека Амазон ги мониторира своите вработени. На пример, јасно е дека компанијата спроведува позадински проверки на работниците и констатно го мониторира нивниот перформанс преку низа на инвазивни алатки.
„Амазон можеби е една од најголемите корпорации во светот, но не може да ги користи нашите лични податоци за да го храни алгоритмот, а потоа да започне да отпушта работници и да прави што сака со нивните податоци. Како работници, имаме право на приватност и имаме право да знаеме“, рекол Андреас Гангл, оператор во германскиот синдикат „ver.di“ и еден од вработените кои го потполнил барањето.
Работниците се оставени во „темно“
Работниците добиваат малку или воопшто не добиваат информации за интензивното следење кое ја обликува нивната реалност во Амазон секој ден. Не знаат какви информации се собираат, за што се користат и со кого се споделуваат. Работниците не се свесни дали постои политика за приватност, како и дали постои некоја форма на автоматизирана одлука за нивната иднина во магацините која се прави врз основа на податоците од нивното следење.
ГДПР – от би требало да фрли светло на процесуирањето на податоците
Под Артиклите 13 и 14 од Регулативата за заштитата на генералните податоци, секој жител на ЕУ има право да биде информиран за процесуирањето на неговите лични податоци. Преку единствен пристап, вработените во магацините на Амазон во пет Европски држави, пополниле барање за да се открие дали компанијата ги користи податоците на работниците за да спроведува нехумани работни услови и небезедни норми. Врз основа на тоа што ќе го откријат барањата, noyb ќе преземе мерки против прекршувањата на ГДПР.
Ова е класичен случај на асиметрија помеѓу информациите и нивната контрола. Од една страна, имаме приватна компанија која собира масовно лични податоци, а од друга страна имаме поединци, затекнати во моменталната економска зависност од нивната работа. Се обидуваме да воведеме баланс преку координирани барања за пристап“, рече Стефано Розети, адвоката за заштита на личните податоци на noyb.eu.
„Комбинацијата на незаситениот апетит на Амазон за лични податоци и анти – синдикалното расположение е многу загрижувачка. Ова е компанија за која знаеме дека ги шпионирала вработените, па работниците имаат право да знаат дали видео или аудио снимки; информациите од социјалните мрежи; статусот на членство во синдикатот или некои други податоци се собираат од страна на Амазон и се користат за да се прекршуваат законите на ЕУ за заштита на личните податоци“, истакна Кристи Хофман, Генерален секретар на UNI Global синдикатот.
Амазон има историја на прекршување на работничките права
Според „ The Amazon Panopticon“, извештај на синдикатот UNI Global за инвазивните системи за надгледување на вработените во Амазон, неговиот инвазивен и ултрабрз систем за достава ги сокрива штетните ефекти врз 1,3 милиони работници. Работниците се постојано мониторирани, евалуирани и подложени на груби работни услови. Овој систем е толку нехуман што, како што Њујорк тајмс скоро објави „Амазон ги согорува толку брзо работниците, што менаџерите се плашат дека наскоро нема да имаат кого да вработат“. Исто така, Блумберг објави дека возачи на Амазон биле „отпуштени преку апликацијата“ поради мали недоразбирања, кои вистински менаџер би ги игнорирал.