Како што е истакнато, Унијата на работодавачи на Србија смета дека неопходно е внимателно да се анализираат предностите и недостатоците на работата вон просториите на работодавачот, за да се осигура конкурентноста на домашната економија, но и да се подобрат условите за работа на вработените.
Потребно е низ адекватна рамка да се прецизираат разликите помеѓу работата од дома и работата на далечина и, како што рекле, да се воведе можноста на регулирање на работниот однос така што еден дел од работното време вработниот ќе го поминува дома.
Работа од дома – да се дефинираат сите обврски
Сметаат дека потребно е да се дефинираат обврските по прашањето на опрема и средства за работа, надоместоци за трошоците од работата, како и обврските на работодавачите по основа на безбедноста и здравјето при работа.
Исто така, додаваат дека овие и многу други аспекти на работата од дома моментално не се регулирани и дека поради тоа подлежат на абитрарна процена и одлука, што не е ни во корист на рабодавачите, ни на работниците.
Иницијативата на Унијата на работодавачи на Србија е упатена на Економско – социјалниот совет, по што, ако биде поддржана, ќе биде проследена и на надлежните органи во Србија.
Од Унијата потсетуваат дека една од највпечатливите промени сред пандемијата со коронавирусот била многу почестата работа од дома, поради здравствените ризици и пропишаните мерки на државата.
Таквата појава покажала проблеми и ризици, но и потенцијал ситуацијата да се сврти во насока на позитивни промени, навеле од Унијата.
Синдикатите проценуваат – околу 100,000 вработени на работа од дома
Според процените на синдикатите во Србија, околу 100,000 вработени работат онлајн.
Анкетата која опфатила 14,000 луѓе ширум Европската уника покажала дека само 14 % од нив сакаат да се вратат во канцелариите по завршувањето на пандемијата, на работно време од 9 до 17 часот.
Каков е, пак, ставот на вработените во Србија за работата од дома, нема прецизни податоци, бидејќи истражување за тоа не е направено, рекле претходно претставниците на синдикатите.
Европските земји кои направиле вакви истражувања донеле прописи кои го регулираат овој модел, каде тој однос, вработен – работодавач, во најголема мера е регуллиран, истакнуваат.