Малопродажните цени на бензините еуросупер БС-95 и еуросупер БС-98 се намалија за 2,00 денари за литар, додека малопродажните цени на еуродизел (Д-Е V) и на екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалија за 3,00 денари за литар.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намали за 2,228 денари за килограм и сега изнесува 54,521 денари за килограм.
Од 18.3.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати изнесуваат:
Моторен бензин Еуросупер БС – 95 79,50 (денари/литар)
Моторен бензин Еуросупер БС – 98 81,50 (денари/литар)
Дизел гориво Еуродизел БС (Д-Е V) 76,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 72,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 54,521 (денари/килограм)
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 3,573%, кај дизелот за 5,345%, кај екстра лесното масло за 5,259% и кај мазутот намалувањето е во просек за околу 4,454%, информираат надлежните.
Појаснуваат дека курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,182%.
извор: denar.mk