Секој петти трговец со храна каде што во последните два дена влегле во контрола даночните инспектори наместо 0 на потрошувачите им пресметувал 5 проценти ДДВ за основните прехрамбени производи. Од 611 контроли во целата држава кај 114 маркети УЈП констатирала неправилности и ги казнила. И покрај тоа што им остави рок до 17 март – тие се уште не ги прилагодиле фискалните каси на кои треба да стои 0 % ДДВ за основните прехрамбени продукти. Најмногу неправилности има во Тетово – кај секој втор контролиран маркет таму..
ИНСПЕКТОРИТЕ СОГЛАСНО НАПРАВЕНИТЕ КОНТРОЛИ НАЈМНОГУ НЕПРАВИЛНОСТИ УТВРДИЈА КАЈ ОБВРЗНИЦИ ОД ТЕТОВО, СТРУГА, СКОПЈЕ, ПРИЛЕП И ОХРИД. УТВРДЕНИ СЕ НЕПРИЛАГОДЕНИ ФИСКАЛНИ АПАРАТИ КАЈ ТРГОВЦИ НА МЛАО СО ХРАНА И ПИЈАЛОЦИ, СО ЈАЈЦА, СО МЕСО И ПРОИЗВОДИ ОД МЕСО ВО СПЕЦИЈАЛИЗИРАНИ ПРОДАВНИЦИ. ОД 31 КОНТРОЛИРАН ПРОДАЖЕН ОБЈЕКТ ВО ТЕТОВО, КАЈ 15 БИЛЕ УТВРДЕНИ НЕПРАВИЛНОСТИ И ТОА НЕИЗДАВАЊЕ И НЕУСОГЛАСЕНИ ФИСКАЛНИ СМЕТКИ. ОД 28 КОНТРОЛИРАНИ ОБЈЕКТИ ВО СТРУГА, КАЈ 12 БИЛЕ ОТКРИЕНИ НЕУСОГЛАСЕНИ ФИСКАЛНИ СМЕТКИ, ИЗЈАВИ ДИРЕКТОРКАТА ЛУКАРЕВСКА.
Лукаревска признава дека имало случаи каде што трговците одат со пресметан ризик, имаат поголем профит од казната, која ако ја платат во рок од 8 денови се преполовува – но апелира до нив да покажат свест во услови на криза и да не прават злоупотреби на грбот на граѓаните. Ги повикува и граѓаните да ги проверуваат фискалните сметки и да пријават ако им се наплатува ДДВ за основните прехрамбени продукти.
Засилените контроли на УЈП ќе продолжат и наредните денови -заедно и со пазарните инспектори кои пак треба да ги санционираат маркетите кои иако е 0 % ДДВ-то за лебот, брашното ТИП 400, јајцата, млекото, шеќерот, месото, оризот и маслото за јадење се уште не ги снижиле цените за 5 проценти.
Целиот текст е на telma.com.mk