Нема потреба од ПЛФ и остануваат истите правила за влез во Грција и од утре.
Новата министерска одлука „Предуслови за влез во земјата за ограничување на ширењето на Ковид-19“, веќе е објавена во Службен весник на Грција, стапува во сила утре наутро, а ќе важи до 4 април 2022 година, јавува МИА.
Во земјата се влегува со сертификат за вакцинација ккој е со важност од девет месеци по втората доза, потврдата за прележана болест трае 180 дена, а доколку се патува со негативен тест, треба да биде направен 72 или 24 часа претходно, во зависност од тоа дали е ПЦР или рапид.
За вакцинираните, сертификатот е валиден доколку се поминати 14 дена од втората примена доза и не повеќе од девет месеци по вакцинацијата, а за лицата кои примиле бустер доза не постојат ограничувања.
Европскиот дигитален сертификат треба да ги содржи основните лични податоци, име и презиме како што се наведени во пасошот, видот на вакцината, бројот на дози и датумот на примање.
Втората опција е со потврда за прележан Ковид-19 по лабораториски тест со ПЦР-метод или со брз антиген тест (рапид тест), а согласно министерската одлука, европскиот дигитален сертификат за прележана болест се издава 14 дена по првиот позитивен тест и неговата важност е до 180 дена од истиот.
Третата опција е со потврда за негативен тест, односно негативен резултат од ПЦР-тест направен 72 часа пред патувањето или рапид тест 24 часа пред пристигнувањето во Грција.
Конкретните обврски за патување важат и за возрасните, но и за децата со наполнети пет години.
Сите посетители на Грција, независно од државјанството и начинот на влез во земјата, може да бидат подложени на случајни тестирања, а селекцијата се врши согласно здравствениот алгоритам.