Од утре започнува да важи одлуката за бесплатен јавен превоз за возрасни лица. Истиот се однесува на категоријата лица – жени над 62 години и мажи над 64 години и ќе важи во вторник, петок, сабота и недела.
Со ова олеснување на трошоците на граѓаните ќе бидат опфатени околу 80.000 корисници на јавниот превоз во Скопје кои ќе имаат право да го користат превозот бесплатно, четири дена во неделата.
Возрасните лица кои сакаат да користат бесплатен превоз во вторник, петок, сабота и недела, треба да поседуваат персонализирана електронска картичка „Скопска“ и при користење на јавен превоз да се валидираат, а истата картичка се приложува и во случај на линиска контрола.
Персонализирањето на картичките се врши во некои од седумте центри за персонализација на ЈСП Скопје.
извор: skopjeinfo.mk