„Брако“ со свој штанд ќе им се придружи на најдобрите производители на жица и жичани производи на саемот „Wire“ “ во Диселдорф, кој под слоганот „Join the best“ ,ќе се одржи од 20 до 24 јуни оваа година.
Свое присуство во Messe Dusseldorf имаат потврдено повеќе од 1.300 изложувачи од целиот свет кои на простор од над 57 илјади метри квадратни ќе ги презентираат своите производи и иновативни машини за производство на жици и кабли.
„Брако“ своето место на престижниот саем во Диселдорф го обезбеди со амбиција за постигнување на целта од 3.000 тона месечно производство на жица и жичани производи во следните четири години. Жичаното производство е една од првите производствени програми во компанијата која континуирано се развива со низа инвестициски активности во технолошки и просторни капацитети. Оваа програма опфаќа производство на клинци, жарена жица, опружна жица, поцинкувана жица, универзално жичано плетиво и бодликава жица.
Саемот „Wire“ во Диселдорф е идеална платформа за комуникација на експерти од целиот свет од областа на индустријата за производство на жица и жичани производи . Како меѓународен форум, саемот овозможува размена на искуства од последните случувања и трендови, воспоставување нови деловни контакти како и интензивирање и зацврстување на веќе постоечките.
Од 30 мај до 3 јуни годинава „Брако“ со својот бренд на возила за одржување на хигиена „Грин Машинс“, ќе биде дел и од престижниот саем IFAT во Минхен. Водечкиот саем од областа на еколошките технологии, во светски рамки е најголемата платформа од која произлегуваат најефикасните, најсовремените и најиновативните решенија и технологии за заштита на животната средина.
„Грин Машинс“ е во листата на излагачи кои на својот штанд ќе ги презентира последните револуционерни решенија имплементирани во единствените „Грин Машинс“ возила и машините за чистење надворешни површини, со специфични и различни намени.
Посебно место ќе заземе GM 955, кој што е највпечатлив поради неговиот капацитет од 6 кубни метри. GM 955 го обединува најдоброто, затоа што механичкиот дел од системот овозможува собирање на отпад од секаков вид и најразлични димензии и при тоа механичкиот принцип за собирање отпад е комбиниран со вакуум. Ќе се презентираат и возила од серијата GM 400 и GM 500.
На простор од 260 илјади метри квадратни со 18 хали и дополнителен надворешен простор за изложување, со демонстрација во живо, саемот IFAT е вистинското место на меѓународно вмрежување на професионалци од речиси 3.000 компании.
извор: denar.mk